Сијарто: Некои членки на ЕУ очајно се обидуваат да воведат санкции врз рускиот нуклеарен сектор

ЕУ се обиде да го продолжи периодот на разгледување на списокот со санкции против Русија од шест месеци на една година за време на дискусиите за десеттиот пакет санкции, но Будимпешта не го поддржа, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Но, ние се придржувавме на методологијата дека списокот на санкционирани лица, како и бришењето од списокот, мора да се ревидира на секои шест месеци. Имаше обиди да се продолжи периодот на ревизија на 12 месеци, но ние одбивме и инсистиравме тој да остане на шест месеци – изјави Сијарто за „РИА Новости“.

Тој оцени дека ЕУ ќе продолжи да се обидува да воведе санкции за рускиот нуклеарен сектор, но посочи и дека Унгарија никогаш нема да се согласи на тоа.

Сијарто изјави дека имало „силни обиди“ да се вклучи рускиот нуклеарен сектор во листата на санкции при подготовката на десеттиот пакет санкции против Русија, но Будимпешта „не дозволи тоа да се случи“.

– Моравме многу да се бориме и ќе треба да се бориме во иднина за нуклеарниот сектор да не биде под санкции. Некои колеги членки на ЕУ очајнички се обидуваат да воведат санкции на руската нуклеарна корпорација „Росатом“, лидерите на компанијата и да ја ограничат нуклеарната соработка меѓу Русија и ЕУ – изјави унгарскиот министер за надворешни работи.

Сијарто нагласи дека Будимпешта никогаш нема да се согласи на ова.

– Ова е нешто на што дефинитивно ќе ставиме вето во случај тие точки да бидат вклучени во какви било мерки за санкционирање – најави Сијарто.

Треба да знаете
Последни објави