Бројот на затвореници во САД се намалил за 22 отсто во период од 10 години

 Бројот на затвореници во САД од година во година се намалува, па така од 2011 до 2021 година е помал за 22 отсто.

Бројот на лица кои издржуваат затворски казни, како и на тие кои се под условна казна се намалил за 61.000. Бројот на луѓе кои биле под надзор на крајот на 2021 година изнесувал околу 3.745 милиони, што е за 136.600 помалку отколку на почетокот на таа година, соопшти американскиот Правосуден статистички завод, објави „Вашингтон пост“.

Надзорот падна на најниско ниво во последните 21 година, бидејќи 1.440 лица биле на условна казна на 100.000 жители. Најголем број е забележан во 2007 година, кога на 100.000 жители просечно на условна казна биле 2.240 лица. 

Треба да знаете
Последни објави