„За моите 16 месеци министерување, направено е колку што може да се направи во тие услови. Многу процеси започнаа, меѓу кои и процесот на дигитализација“ изјави вицепремиерот за европски прашања и поранешен министер за правда, Бојан Маричиќ во неговото интервју на „Макфакс“.
Тој додаде дека 34 судови почнаа процес на дигитализација, а процесот за целосно дигитализирање на сите судови трае се уште.
„Министерот за правда и Владата имаат ингеренции да создаваат услови за работа, не може да работат наместо судиите и обвинителите“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека додека бил министер за правда започна да се применува и новата методологија за оценување и разрешување на судии, а беше зголемен и буџетот на судството и пораснаа платите на судиите и обвинителите.
„Горд сум и на пописот кој беше спроведен по 20 години, а се донесоа и законски измени. Од една страна на Изборниот законик, по барање на ВМРО-ДПМНЕ се внесе фингерпринтот и се направија законски измени на Кривичниот законик со кој се зајканува заштитата на новинарите како службени лица“ рече Маричиќ.