Тренерот на Барселона, Чави, по синоќешниот натпревар на прес-конференцијата ги понуди своите размислувања за пресметката со Манчестер Јунајтед.
– Силно не погоди израмнувачкиот гол. Првото полувреме беше многу добро. До нерешениот резултат бевме целосно изедначени. Ова е уште едно големо разочарување за нас. Физички, Јунајтед е многу силен. Тие беа посилни од нас. Пред вториот гол дуелот го добива Фернандеш, а по сите тие удари и блокади топката паѓа кај Ентони. Беа посилни во скоковите. Првиот гол многу не боли. Тимот заслужи малку повеќе. Ако успеавме да поведеме со 0:2… Европа е, одлучуваат малите детали, вели тренерот на Барселона.
Според него, Барса е подобра од минатата сезона.
-Игравме многу добро против Интер, Јунајтед… против многу важни противници, но не бевме на висината на задачата. Тоа е повеќе наш недостаток. Ни недостигаше игра на средината на теренот. Тоа се натпревари што ги губиме поради деталите. Ни треба уште малку игра во средината. Да беа Гави или Педри… Генерално не можеме да се гордееме, но се натпреварувавме против респектабилен тим. Бевме подобри од лани. Се натпреварувавме, надигравме. Мора да се подобриме следната година. Следната година ќе се вратиме посилни, вели Чави.