Малолетно девојче изгорело од струен удар, потврдува Sвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Тој за „Макфакс“ посочува дека вечерва интервенирале во скопски Илинден со две возила и седуммина пожарникари. Очевидци велат дека девојчето загинало откако со момче било качено на вагонот.
„Извесно е дека телото било опожарено. Пожарникарите спречиле огнот да го зафати вагонот-цистерна кој пренесувал гориво. Детали се уште нема, оти увидот се уште трае. На лице место се уште е и Бригадата за противпожарна заштита“, вели Томевски.
Претходно, пријавата во МВР била дека била опожарена вагон-цистерна. Настанот го пријавил скопјанец, кој кажал дека ги згрижил децата кои го известиле за настанот.