Советникот Амар Мециновиќ, од Советот на Град Скопје за иницијативата на СДСМ која има за цел да овозможи узурпација на јавен простор од страна на „Ист Гејт Мол” и на тој простор да наплаќа паркинг:
https://youtu.be/fa7uE_C1zjc
„Да се потсетиме дека ова стопанисување сакате да му го предадеме на „Ист гејт” – трговски центар со небезбедна консрукција која видовме дека протекува.
Ако на советничката група на СДСМ ова ѝ е приоритет, ми се чини дека ние како Совет, сега гласаме да го оправдаме претходното лошо раководство и ветувањата на Шилегов. Оваа иницијатива е веќе отфрлена и зошто СДСМ повторно ја предлага, зошто да го дискутираме истото?
Нема никакви стандарди, затоа мора да го смениме тоа – нема да се дозволува стопанисување на неодговорни компании кои сакаат само да си го подобрат коефициентот за кога ќе сакаат да го продадат.
Имаме проблем со јавниот превоз, а вие (СДСМ) сте против набавка на нови автобуси, а сметате дека треба да го решаваме паркингот на „Ист гејт” со кој простор сака да стопанисува.”