Манасиевски: УМС му спреми на директорот на ФЗОМ сет за играње на песочните плажи на Атлантикот, додека тука системот крахира

Додека здравствените работници скоро 2 месеци не можеа да земат плата, додека системот на податоци беше хакиран, додека пациенти секојдневно умираат поради неспособноста на власта за купување на лекови, додека млади лекари си заминуваат на работа во странство, директорот на ФЗОМ во ова време невреме заминал на одмор во САД,изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Не знаејќи како да се соочи со реалноста, на директорот Фатон Ахмети најлесно му било да оди во САД и сето ова време да седи на плажа, пиејќи коктели и да игра со песок,рече Манасиевски.

Затоа, ние како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска спремивме едно пакетче за директорот. Лежалка за да одмори, топка и сет кофички и лопатки за да игра на убавите песочни плажи и да не му здосади одморот, гума за пливање за кога ќе одлучи да се излади во водите на Атлантикот да не забега кон длабокото и да го загубиме и за крај чадор и крема за сончање за да не му изгори кожата бидејќи неговата кожа е поскапа од кожата на македонските граѓани,додаде Манасиевски.

Треба да знаете
Последни објави