Украина: Русија ја удвои флотата во Црното Море, можни се ракетни напади

Украинската војска соопшти дека Русија го удвоила бројот на активни бродови во Црното Море, предвидувајќи дека тоа е подготовка за ракетни напади, пренесува Ројтерс.

Руската морнарица редовно лансираше ракети од Црноморската флота, насочени кон украинската инфраструктура и постројки за производство на електрична енергија.

Флотата на воени бродови во Црното Море е двојно зголемена, сега има осум бродови, објави на Фејсбук воената команда на јужниот регион.

Ова може да укаже дека се подготвуваат ракетен напад, како и напади со беспилотни летала, се вели во објавата.

Еден од бродовите е фрегата вооружена со осум крстосувачки ракети Калибр, се додава.

Минатата сабота Украина објави дека Русија лансирала четири ракети Калибр од Црното Море.

Руската Црноморска флота е базирана на полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година,пренесе Блиц.рс.

Треба да знаете
Последни објави