Девемесечно бебе сомнително на туберкулоза хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести. Веднаш е поставено на механичка вентилација откако синоќа во тешка состојба било донесено со возило на Брза Помош од болницата во Козле. Дали сомнежот за заразната болест која претходно ја имала мајката ги става во опасност новороденчињата и малите пациенти на одделот, директорката на установата тврди дека не постои никаква закана. Професор Нацева Фуштиќ во изјава за Сител вели дека постапуваат по пропишани протоколи, но бебето е во многу тешка состојба и има само три килограми.
-Детето е во тешка малмутриција со респираторна инсуфициенција. Детето е во посебна изолација. Го води посебна сестра која е само со него и со посебна заштита, меѓутоа немаме никаков доказ освен анамнезата на мајката. Дали ќе преживее е знак на прашање бидејќи е е само три килограми на девет месеци, вели проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ, директор на Клиника за детсаки болести.
На детска дополнително ќе прават анализи за евентуално докажување на заразата, но како што вели проф. Фуштиќ, бебињата не можат да ја пренесуваат. Но она што загрижува кај овој случај е што деветмесечното бебе прво од Куманово било испратено на детска хирургија за третман на хернија, оттаму поради сомнеж за туберкулоза го препратиле во Козле откаде пак поради тешката состојба завршил она детска Клиника. Зошто е неухрането и толку слабо и дали истото било предмет на социјални служби? Во болницата во Козле има социјален работник киој разговара и со овие пациенти, но за овој случај немале време поради итноста.
-Ние ќе известиме социјалната служба, но зошто е на тој начин пропуштено и не било под медицински надзор јас не можам да кажам, вели Фуштиќ.
Ноќеска бебето било интубирано и завршило на респиратор на одделот за итнензивна нега. Порано вакви случаи но и тешки ковид пациенти ги изолираа во Ургентниот Центар кој сега е пренаменет во специјалистички амбуланти.