Земјотрес со интензитет од 6,1 степени го погоди денеска северниот дел на Јапонија.
Епицентарот на земјотресот бил регистриран на северниот јапонски остров Хокаидо. Длабочината на земјотресот е 6 километри.
Во моментов нема извештаи за жртви или материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами.