Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден ја завршија повеќедневната акција за чистење на поширокото централно градско подрачје.
Во рамките на акцијата беше спроведено рачно и машинско метење на јавните и
сообраќајните површини на булеварите Гоце Делчев, Филип Втори, Крсте Мисирков, Никола Карев и Александар Македонски.
Воедно, беа отстранети приближно 170 кубни метри отпад од диви депонии
лоцирани во реонот на Карадак Маало – во непосредна близина на комплексот
факултети при Универзитетот „Кирил и Методиј“, како и на булеварот Александар Македонски, на потегот кон х.Континентал.
Во акцијата учествуваа и екипи на ЈП Паркови и зеленило.