Принудени сме да имаме секс со нив за да ги оплодиме. Можете ли да нѐ извлечете одовде?, сведочат двете момчиња, Ахмет (13) и Хамид (14), за „The Daily Beast“, тврдејќи дека жените на поранешни членови на ИСИС, во притворен центар во Ал-Хавла во североисточна Сирија, ги принудуваат на секс.
Има осум илјади деца и жени кои се поврзани со Исламска држава, а некои од нив и речиси четири години откако калифатот ги загуби своите територии, не престануваат слепо да ги следат неговите погледи на светот, пишува американскиот The Daily Beast.
Заедно со Ахмед и Хамит, како што пишува овој весник, уште осум малолетници биле принудени на обљуба. Еден од нив рекол дека за само неколку дена морал да спие со осум жени лојални на принципите на ИСИС. Некои ги криеле во подземни тунели додека не биле откриени од припадниците на Сириските демократски сили (СДФ) и префрлени во центар за рехабилитација во Оркеш.
Тамошните власти рекоа дека жените им рекле на момчињата дека сакаат да забременат за да го зголемат населението на Исламска држава и да бидат подготвени да го дочекаат новиот калифат за кој биле убедени дека ќе биде воспоставен. Не се знае точно колку од нив успеале да забременат, но СДФ, која ги надгледува затворските логори, наведува дека бројката е голема. Жените кои успешно забремениле ги породуваат други затвореници, кои се лекари или медицински сестри.
Принуден секс е проблем и во другите затворски логори за поранешните членови на ИСИС и нивните деца. Во Рој, едно момче дури завршило во болница откако му се слошило откако конзумирало супстанца слична на вијагра која му ја дале жените. Во тој камп, некои мајки, сакајќи да ги заштитат своите синови, самоиницијативно ги молеле властите во кампот да ги префрлат нивните деца во центри за рехабилитација.
Ахмед и Хамит сега се во Оркеш како и неколку други момчиња кои го поминале истото трауматично искуство. Тие се сместени во чисти соби со кревети на спрат, што е многу подобро од преполните и нездрави затвори или логори од кои дошле. Посетуваат едукативни часови и играат фудбал на маса или вистински фудбал. Тие исто така се подложени на советување кое им помага да се справат со нивните трауми, но и се обидуваат да ги одвратат од идеологијата на ИСИС. Крајната цел е да се реинтегрираат во општеството.
Сместувањето на децата во центри за рехабилитација и нивното одвојување од нивните мајки беше критикувано од Обединетите нации.
„ Многу сме загрижени дека овие момчиња би можеле да бидат сериозно повредени и стравуваме дека може да исчезнат и да завршат како предмети на продажба, експлоатација, злоупотреба, тортура, нечовечко и понижувачко постапување или казнување – се вели во соопштението.
Поддржувачите на политиката за отстранување велат дека сексуалната експлоатација, злоупотреба, радикализација и исчезнување е токму она што им се случува на некои од овие момчиња во камповите кога нивните мајки успешно ги шверцуваат во терористички групи.