Се урна болнички авион во Америка, пет лица загинаа

Пет лица загинаа, меѓу кои пациент и медицински персонал, при уривање на болнички авион во американската сојузна држава Невада.

Несреќата се случила околу 21 часот и 15 минути во петокот вечерта, кога диспечерскиот центар на округот Лион почнал да добива бројни повици за можна авионска несреќа во близина на Стејџкоач, Невада, на околу 70 километри источно од Рено, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

,,Кер Флајт”, дел од локалната организација за итни случаи РЕМСА, со седиште во Рено, потврди дека авионот ,,Пилатес ПС 12″ исчезнал од радарот во близина на ,,Стејџкоач” .

„Со тешко срце добивме потврда од противпожарната бригада на округот Лион дека никој не ја преживеал несреќата.

Во авионот се наоѓале пет лица – пилотот, медицинската сестра, пациент, лекар и член на семејството на пациентот.

Канцеларијата на шерифот на округот Лион соопшти дека остатоците од авионот биле пронајдени околу 23:15 часот,пренесе Телеграф.рс.

Треба да знаете
Последни објави