Најавата од новата опозициската политичка партија Алтернатива дека треба да се отвори прашањето за формирање на Заедница на албански општини во Македонија, по примерот во Косово за Србите, ги подели партиите и во албанскиот и во македонскиот блок. Алтернатива, чии министри беа разрешени пред неколку дена од Владата по повеќедневната бескорисна дебата во Собранието, побрза да се „врати во игра“ на македонската политичка сцена со непристоен предлог. Овој потег на Алтернатива беше дочекан на „џон“.
Демократскиот сојуз кој истапи од владеачката коалиција ја осуди ваквата најава која според нив води кон дестабилизација на Македонија, но значи и сериозна закана за меѓуетничките односи.
За СДСМ ова е несериозно барање со кое одредени политички структури се обидуваат да дојдат до глас повеќе меѓу гласачко тело. За владеачката СДСМ оваа состојба е неспоредлива.
Лидерот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски им порача на политичарите да внимаваат што бараат и изјавуваат, оти со ваквите испад само ги разгоруваат меѓуетничките тензии, а тоа може да доведе до нови проблеми.
Алтернатива нема поддршка од сите албанските партии. Од Алијанса која од неодамна стана дел и владата, велат дека нема да ја коментираат иницијативата која ја покренува Алтернатива. Од Беса на Касами се децидни дека темата е премногу сериозна за да се гради став без дебата.
ДУИ е поделен став. Според Арбр Адеми потегот на Алтернатива оди на штета на конечното решение на косовското прашање. За него, ова е неуспешен обид за опстанок на политичката сцена по доживеаното фијаско. Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити кој ја води огнената група смета дека иницијативата на Гаши била прифатлива.