Руската пропагандистка Јулија Витјазева изјавила дека Владимир Путин всушност не сакал да го окупира Киев, бидејќи ако сакал, можел да го направи тоа во првите три дена од војната.
– Ги имаме сите капацитети и ресурси да го направиме тоа како што Американците ја зазедоа Фалуџа. Зошто да не? Но, нашиот врховен командант не сака. Не му треба таа пироска победа. А ниту ние, затоа што подоцна ќе живееме таму – рече таа.
Патем, многу експерти предвидуваа дека Киев за само неколку дена ќе падне во рацете на руските војници. Сепак, Украинците дадоа голем отпор и сè уште им се спротивставуваат на руските војници.
Со оглед на тоа дека постои можна закана од пад на Киев, американските власти му понудија на украинскиот претседател Володимир Зеленски да биде однесен на безбедно, но тој одби и остана со својот народ,пренесе аваз.ба.
Рече дека не му треба транспорт, туку муниција.