Грациозност во црвено: Моника Белучи на настан во Париз

Последниот пат кога се појави во јавност беше со новиот партнер режисерот Тим Бартон, откако нивната четиримесечна романса стана обелоденета од страна на медиумите, кои објавија фотографии од нив додека шетаат рака под рака и се бакнуваат.

Но, италијанската актерка Моника Белучи дојде без него на коктелите пред доделувањето на француските национални филмски награди „Цезар“.

Блескавата 48. церемонија се одржа во концертната сала „Олимпија“ во Париз во петокот.

Моника (58), која во една прилика рече „Начинот на кој се облекувате е начинот на кој се изразувате“, сигурно го направи токму тоа кога се појави во огнено црвен фустан дополнет со дијамантски ѓердан.

Со голема доза на грациозност и елеганција Моника предизвика восхит во раскошна креација на „Диор“.

Фустанот има деколте со благ V-израз, плисирано здолниште и долг вел.

Минатата недела францусиот магазин Paris Match објави дека прекрасната Италијанка конечно ја пронајде љубовта покрај шест години постариот Тим Бартон. Францускиот неделник ги стави двајцата на насловната страница, додека шетаат рака под рака низ улиците на Париз со наслов: „Тие се пар“.

Романсата меѓу актерката и режисерот, наводно, започнала на филмскиот фестивал „Браќата Лумиер“, кој се одржа во октомври минатата година во Лион, Франција Таму Бартон доби награда од рацете на Белучи.

Треба да знаете
Последни објави