Трофејниот англиски фудбалски премиерлигаш Манчестер Јунајтед по речиси шест посни години конечно освои нов пехар откако во финалето на „Вембли“ во Лига купот го совладаа Њукасл со 2:0. Ова е прв пехар за „црвените ѓаволи“ откако славеше во Лигата на Европа во 2017 година.
Финалето беше решено во финишот од првото полувреме. Меот беше израмнет се до 33. минута, кога на асистенција од Лук Шо, Касемиро погоди со глава за водство на Јунајтед од 1:0.
Њукасл се уште не беше освестен од водството на противникот, доживе нов шок и пораз во дуелот со Манчестер јунајтед. Во 39 минута по шут на Рашфорд, топката удри во Ботман го смени правецот и заврши зад грбот на Кариус за конечни 2:0.
Манчестер рутински ја сочува до крајот убедливата предност.