Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честиташе празникот Велики Поклади – Прочка.
„ Простувањето е личен подвиг во кој човекот ги победува своите слабости, недостатоци и грешки кои сите ние ги имаме.
Во најдлабоката суштина на сето ова е стремежот да бидеме подобри, почовечни, да ги сакаме ближните и да се бориме за работите во кои веруваме. Во центарот на таа борба е иднината на нашите семејства, пријателите, народот, иднината на нашата Македонија. А, за тоа е потребно волја и верба, чист образ и многу работа.
И во тој контекст никогаш не ми е тешко да ја побарам прошката за работите кои можеле да бидат поинакви и подобри, од моите блиски, соработниците, од народот во кој цврсто верувам. Човечки и исправно е да се побара прочка од оние кои му значат на човека.
Но воедно тоа не значи и немање на одговорност за сите оние кои си поигруваат со заедничката иднина на сите и го прават животот потежок. Само заедно, едни со други, со чисто срце и верба во Бога можеме да се избориме за посреќна, постабилна и просперитетна иднина.
Нека е честит празникот Велики поклади – Прочка! Нека е за многу години!“ порача Мицкоски.