(Фото) Делегација на СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на почивалиштето на претседателот Борис Трајковски

Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот на Градската организација, Васко Кичевски, денеска оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, во Алејата на великаните во Скопје.

Претседателот Трајковски беше проевропски политичар, ги застапуваше политиките за прогресивно општество, на рамноправни граѓани, демократско и интегрирано во НАТО и ЕУ и беше еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор. 

Денеска се одбележува 19-годишнината од авионската несреќа, во којашто Трајковски трагично го загуби животот со членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Треба да знаете
Последни објави