Пендаровски положи цвеќе на гробот на Трајковски: Ќе остане запаметен по неговата мирољубива и умерена политика, скромност и визионерство

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 19-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, денеска положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски на гробиштата „Бутел” во Скопје.

Претседателот Пендаровски положи венци со свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел” во Скопје .

Делегации на Кабинетот на Претседателот денеска положија свежо цвеќе и на спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Треба да знаете
Последни објави