Ззаменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонијa задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, од денеска до 1 март ќе престојува во Брисел, каде што ќе се обрати на двата билатерални скрининг состанока од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, состанокот од Поглавје 9 „Финансиски услуги“ и Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“, соопшти владината прес-служба.
Вицепремиерот Битиќи за време на престојот ќе има и одвоени средби со европскиот комесар за економија Паоло Џентилони, со Темис Христофиду, генерална директорка за образование, млади, спорт и култура при Европската комисија, со директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ, со Марк Леметр, генерален директор за истражување и иновации, и со Бен Батерс, извршен директор на Еурочемберс.