Со цел да се подобри квалитетот на правдата, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) денеска потпиша Меморандум за разбирање.
Меморандумот за разбирање е со времетраење од три години. Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе го следи спроведувањето на курсевите за обука преку нејзината програма за мониторинг на судски процеси.
Како што соопштија од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе обезбедат напредна обука за судии и обвинители со посебен фокус на зајакнување на борбата против организираниот криминал, корупцијата и дискриминацијата.
Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, истакнал дека обуката е насочена кон поквалитетни обвиненија, како и кон зголемување на конфискацијата на имотот стекнат преку криминални активности.
– И двата аспекти се многу важни за ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата бидејќи тоа значи дека криминалците ќе добијат повисоки казни и нема да можат да уживаат во незаконски стекнатото богатство, нагласил тој.
Наташа Габер-Дамјановска, директорка на Академијата изразила благодарност за поддршката што ја добиваат од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
-Преку нашите заеднички напори, ќе инвестираме во квалитетот на тековните и идните правни професионалци, што ќе го подобри правосудниот систем, додала таа.