Откако денеска пекарите се заканија дека нема да произведуваат и доставуваат леб ако цената биде замрзната, го навлекоа и гневот на граѓаните.
На социјалните мрежи илјадници граѓани даваат поддршка на Владата да не се колеба и да ги замрзне цените на лебот, додека на пекарниците им порачуваат дека цените за еден леб се превисоки и не се намалиле иако Владата со месеци им обезбедуваше далеку певтина цена на струјата.
Пекарите со закана за прекин на производство на леб ако цената се замрзне на 33 денари.
— Мистерија (@CheGuev21277156) February 27, 2023
– Да сме колективно паметни и сложни, недела дена да си месиме и не купуваме леб, самите ќе ја замрзнат на 25 денари!
„Парите ги земаве, цените не ги намаливме“ „Сами ќе си месиме и ќе јадеме поздраво, лебот што го продавате е полн со адитиви“ се само дел од коментарите на револтираните граѓани.
Инаку оваа одлука на претставниците на мелничко-пекарската индустрија доаѓа откако Влада реши дека во вторник ќе донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на најмногу 33 денари, а причината за тоа ја аргументираа со фактот дека најголем дел од пекарниците кои добиваа субвенционирана цена на струјата, не го почитувале договорот за намалување на цената на лебот.
Пекарите прво нека ги измијат возилата во кои пренесуваат леб, нека направат дезинфекција и дератизација во работните објекти..
— Бјанконеро ⚫⚪ (@pece_juventino) February 27, 2023
Е, тек после ќе разговараме за се друго поврзано со поимот ПЕКАРА.