Против 15-годишно девојче од Унгарија е поднесена кривична пријава поради сомнение дека си го убила новороденчето.
Имено девојче од градот Емед е осомничено дека по породувањето со остар предмет ја пресекла папочната врвца, а потоа му бутнала хартија во устата на бебето за да го задуши.
Потоа го фрлила бебето во дворот на соседот.
Се претпоставува дека девојчето се породило во дворот на куќата на нејзините родители, а телото на бебето потоа го пренела во градината на соседот.
На петнаесетгодишно девојче му се слошило по породувањето, па нејзините роднини повикале брза помош, која ја однела во болница.
При прегледот било откриено дека тинејџерката веќе се има породено. По добиените информации полициски патроли се упатиле кон куќата на девојчето и го пронашле бебето во дворот на соседот.
Бебето итно било пренесено во болница, каде што починало, пренесува Телеграф.
Портпаролот на полицијата Тамаш Доби рече дека 15-годишното девојче негирало дека се породило, но доказите го побиваат тоа. Петнаесетгодишно девојче е приведено на распит.