Во Караманмарас, градот најтешко погоден од земјотресите на 6 февруари, се урнал покрив на оштетена фабрика од кој едно лице загинало, а четири се повредени. Паѓањето на покривот се случил од непозната причина пренесуваат турските медиуми. Несреќата се случила кога работниците кои влегле во фабриката за метал за да спасат останати предмети како тенџериња и тави паднал покривот, јавува trthaber.com.
Турција денеска беше погодена од нов силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД).
Епицентарот на земјотресот бил на 123 километри северо-северозападно од градот Шанлиурфа и околу 11 километри јужно од Малатија во Турција.