Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски со одличните игри и голови во дресот на шкотскиот Абердин го привлекува вниманието на поатрактивните клубови. Според шкотските медиуми за услугите на македонскиот напаѓач се заинтересирал англискиот премиерлигаш Саутемптон.
Миовски повторно е во гол-елемент. Постигна три од последните четири гола на Абердин и сега има вкупно 15 погодоци во шкотската лига сезонава каде е трет стрелец.
Претходно се шпекулираше дека францускиот Ремс се интересира за Миовски