Командантот на операциите на здружените сили на Украина, Едуард Михаилович Москалов е разрешен од должноста, соопшти денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Генерал-мајор Москалов беше назначен на функцијата во март минатата година, кога генерал-полковник Олександр Пављук беше назначен за шеф на Киевската регионална воена администрација, пренесе Си-Ен-Ен.
Зеленски не даде објаснување поради смената на Москалов, кој е само еден во долгата низа промени на високи државни официјални претставници кои ги нареди претседателот на Украина.
Украинските власти спроведоа серија антикорупциски истраги и претреси низ целата земја, по што следеа бројни отпуштања на високо позиционирани функционери.
Засега не се знае дали отпуштањето на Москалов е поврзано со неодамна започнатата акција за борба против корупцијата.