Социјалдемократските политики кои ги реализира Владата носат растат на платите, порача во реплика денеска од собраниската говорница претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.
-Во 2012 година просечната плата била 20.000 денари, минималната плата 8.050 денари. Биле потребни 4 просечни плати за покривање на минималната кошничка во години кога нема војна и кога нема инфлација предизвикана од воени дејствија во најголемата житница во Европа.
Во 2013 година просечна плата 21 000 денари, потребни 4 просечни минимални плати за покривање на една потрошувачка кошничка, бидејќи и тогаш е 8 050 денари минималната плата. Денес 34.000 денари е просечна плата, а минимална плата 18 000, со што ќе стане над 20 000 денари. Потребни се 2,4 минимални плати за покривање на потрошувачката кошница во услови на инфлација предизвикана од војна во Украина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Зборувајќи за успешните енергетски политики на Владата, Ковачевски рече дека домашното производство на енергија е зголемено за 40% во однос на предминатата година, потребите се задоволуваат од домашно производство од 83% а инсталирани се 152 мегавати само за една година.
-Кога зборуваме за инсталиран капацитет само минатата година во државата се инсталирани 152 мегавати капацитети за производство на електрична енергија кое што е еднакво на капацитетите кои што се градени со години и тоа Козјак, Св.Петка и ветерниот парк Богданци која што електрична енергија може да снабдува и снабдува пет градови во Македонија со електрична енергија, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.