Партизан именуваше нов тренер на местото на Гордан Петриќ, кој најави оставка по серијата слаби резултати и елиминацијата од Конференциската лига на УЕФА. Нов шеф на стручниот штаб на „црно-белите“ ќе биде Игор Дуљај.
Тој треба да дебитира на клупата на вечното дерби против Црвена Звезда кое е закажано за в петок.
Партизан ја стартуваше сезоната со Илија Столица на тренерската позиција, но тој брзо замина, а потоа го наследи Гордан Петриќ. Сега Игор Дуљај ќе биде трето решение.