Собранието со по 65 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, ги изгласа новите министри кои доаѓаат од редот на Алијансата на Албанците, но и министерката од СДСМ која презема еден ресор. Најпрво се гласаше за Кренар Лога кој е нов министер за правда
Новите министри дадоа и свечена изјава пред пратениците, со што официјално ги преземаат функциите во Владата. За време на гласањето имаше проблем со системот, па така, електронски стоеше дека гласале 64 пратеници, а дополнително се изјаснуваше Мендух Тачи, со што, вкупниот број на пратеници кои гласале „за“ се 65 пратеници.
По ова, 40 пратеници се пријавија за збор за разрешување на замениците министри.