Германската актерката Барбара Сукова годинава е една од најголемите филмски ѕвезди на меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ што се одржува во Белград, Србија.
На фестивалот таа ќе го претстави филмот „Далиленд“ во кој ја глуми Гала, сопруга на Салвадор Дали, меѓутоа она со што таа го привлече вниманието на српските новинари е повикот да ѝ помогнат да пронајде две жени кои ги запознала во Македонија кога биле деца во далечната 1963 година.
Таа година, актерката како тинејџерка со нејзините родители престојувала во Југославија и го посетила Охрид. Таму, раскажа денеска, запознала две девојчиња – Зорица и Билјана.
Тогаш во училиштата се собирала хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Скопје, а Зорица и Билјана во знак на благодарност потоа ѝ испратиле послужавник со две шолји за кафе.
Таа пред камерите покажа и фотографија од Зорица и Билјана од времето кога биле девојчиња.