Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер го погоди денеска Ел Салвадор, соопшти владата на земјата.
Според прелиминарните податоци на Министерството за животна средина на централноамериканската земја, епицентарот на земјотресот бил регистриран во близина на брегот на Тихиот Океан, пренесе Ројтерс.
Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Сан Салвадор, изјавиле очевидци за британската агенција.