Во Реал Мадрид се разочарани затоа што Винисиус Жуниор не се најде на листата на претенденти за влез во тимот на годината. Крилниот напаѓач на Мадрид не е помеѓу 26-те фудбалери кои се во конкуренција за тим на годината на ФИФА и ФИФПро и покрај тоа што имаше важна улога во победите на Реал Мадрид во Лигата на шампионите и Ла Лига.
Списокот го составија самите играчи. Според „Marca“, Реал Мадрид е крајно незадоволен од ова. Поради ова, никој од мадридските претставници нема да присуствува на доделувањето на наградите „The Best“.
Настанот ќе го пропушти Карим Бензема, кој е кандидат за наградата најдобар играч на годината, Карло Анчелоти, кој конкурира за наградата најдобар тренер и Тибо Куртоа, кој може да биде прогласен за голман на годината.
Доделувањето на наградите ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот на свечена церемонија во Париз.