Француските власти денеска соопштија дека пронашле неколку стотици килограми кокаин на плажа во северниот дел на земјата.
На една плажа биле пронајдени сокриени околу 30 кеси во кои имало меѓу 700 и 800 килограми кокаин, соопштија локални судски извори во Шербур.
Во југозападниот дел на Франција, на крајот на 2019 година беа откриени 1.600 килограми кокаин, додека во мај минатата година била откриена истата дрога, околу 21 килограм, која била сокриена во печива на северот од земјата.