Силен земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Албанија.
Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри од Елбасан на длабочина од два километри, јавува ЕМСЦ.
Претходно денес земјотрес ја погоди и Црна Гора кај Бар.
Јачината на земјотресот во фокусната точка била 3,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот e лоциран на длабочина од 10 километри.
Како што соопштија од Институтот, земјотресот не можел да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје.