Русија ги обвинува САД дека планираат провокација во Украина со употреба на отровот Б-Зет

 Шефот на силите за радијациска, хемиска и биолошка одбрана на руските вооружени сили, Игор Кирилов, тврди дека САД планираат да го употребат борбениот психотропен отров Б-Зет (BZ) во Украина, што Американците го користеле за време на Виетнамската војна.

-Фактите дека отровните хемикалии и средствата за заштита од нив биле доставени во Украина во исто време укажуваат на обид да се изврши провокација од големи размери со употреба на воена психотропна отровна супстанца Б-Зет за време на конфликтот, рече Кирилов, пренесен од руските медиуми.

Кирилов додаде дека хемикалијата предизвикува акутна психоза, дезориентација, халуцинации и нарушување на меморијата.

-Отровот Б-Зет е стандарден воен отров на САД и беше широко користен за време на Виетнамската војна, рече Кирилов.

НАТО шифрата Б-Зет (BZ) е воено име за хемиската супстанца 3-квинуклидинил бензилат (QNB), која на почетокот на 60-тите години на минатиот век почна да се користи за воени цели, наведува сајтот sciencedirect.com. 

Треба да знаете
Последни објави