Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата за повторно отворање на дописнички места на Акционерско друштво „Медиумска информативна агенција” – Скопје и за продолжување на соработката со соработници во неколку градови.
Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи при Владата, во координација со Министерството за финансии, со ребаланс на Буџетот во текот на 2023 година, да обезбедат средства за непречено функционирање на дописничките места.