Укината субвенционираната енергија за потрошувачи од прехранбената индустрија

Владата на Република Северна Македонија ја одржа 132-та седница.

Владата донесе и Одлука за престанување на важењето на Одлуката за преземање на мерка во услови на постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

Со оваа одлука, престанува да важи Одлуката за преземање на мерка во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.232/22 и 247/22). Оваа одлука беше донесена на седница на Владата одржана на 30 октомври 2022 година и со неа се овозможи одредени потрошувачи на електрична енергија, физички и правни лица, од областа на прехрамбената индустрија, во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, да можат да склучат договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба ДООЕЛ, Скопје по цена од 80 евра/MWh, заради заштита на животниот стандард.

По извршените проверки од Државниот пазарен инспекторат, според информацијата од Министерството за економија, иако потрошувачите добиваа субвенционирана електрична енергија, тие не ги намалиле цените на своите производи, или ги намалиле незначително, иако дополнително, цените на берзите на електрична енергија во регионот имаа своевиден пад.

Денешната Одлука на Владата за престанување на важењето на Одлуката за преземање на мерка во услови на постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Треба да знаете
Последни објави