Битиќи со директорот на ЦЕФТА: Зголемување на конкурентноста на регионот за забрзана интеграција кон единствениот пазар на ЕУ

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел оствари средба со нејзиниот директор, Емир Џикич.

На средбата, Џикич го запозна вицепремиерот Битиќи со актуелните важни процеси на ЦЕФТА, пришто истакна дека заедно со Регионалниот центар за соработка (RCC) работат во делот на финансиските услуги, на намалувањето на банкарските провизии, е-трговија како и ред други приоритети.

Вицепремиерот Битиќи укажа дека основното начело на Регионалниот центар за соработка (RCC) и на самата ЦЕФТА како регионални иницијативи е подигнување на конкурентноста на компаниите и регионалните економи.

„Не смееме повеќе да губиме време, колку побрзо сфатиме дека регионот мора да работи конкурентно и во соработка, неместо како конкуренција, толку побрзо и полесно ќе можеме да се интегрираме кон единствениот пазар на Европската Унија”, кажа вицепремиерот Битиќи.

На состанокот вицепремиерот Битиќи и директорот на ЦЕФТА, Џикич разговараа и за процесите на неаршоринг и решоринг како можности за регионот како и за придобивките од дигиталната трансформација на економиите на Западен Балкан.

Средбата се реализираше во склоп на престојот на вицепремиерот Битиќи во Брисел каде учествува на билатералниот скрининг состанок од Кластер 2, „Внатрешен пазар”, поточно Поглавје 9 „Финансиски услуги”, а за утре е закажан состанокот за Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје”.

Треба да знаете
Последни објави