Турските спасувачи, под надзор на ветеринари, извлекоа од урнатините коњ кој помина 21 ден заробен во зграда во Адијаман.
Видеото од спасувањето го објави турското Министерство за земјоделство и шумарство.
Животното е извлечено од непристапен терен. По преглед од страна на ветеринар, кој утврдил дека животното нема повреди опасни по живот, коњот е вратен на сопственикот.
Во меѓувреме, во Хатај беше отворена полска болница за спасени животни. Десетици волонтери бараат домашни миленици.
Турција беше погодена од два разорни земјотреси на 6 февруари, во кои досега загинаа најмалку 44.000 луѓе.