Одбележување на Денот на ретки болести 

 Во организација на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, денеска во Мала станица – Национална галерија во Скопје ќе биде одбележан Денот на ретки болести. 

На настанот најавено е обраќање на сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на претседателката на Комисијата за ретки болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, на проф. д-р Дијана Плашеска Каранфилска од МАНУ, на претставник од Национална алијанса за ретки болести, Наташа Анѓелеска…

На настанот се поканети претставници на здруженија на пациенти, доктори, претставници на институции, претставници на фармацевтски компании и дистрибутери на лекови, семејства со ретки болести.

Треба да знаете
Последни објави