На предлог на Министерството за одбрана, на денешната седница се донесени неколку одлуки.
Владата донесе одлука за изведување вежбовна активност „CMX 23″ во Република Северна Македонија, којашто претставува НАТО вежба за управување со кризи. Целта, според информацијата од Министерството за одбрана е тестирање на елементите на НАТО системот за одговор на кризи во насока за одржување и подобрување на националните и капацитетите на НАТО Алијансата во целокупниот спектар на НАТО предводени операции.
Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на нашата држава заради изведување на „обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплов (Хеликоптер UH-60) на вооружените сили на Соединетите Американски Држави од мисијата „КФОР” – Косово и донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, заради учество на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на Соединетите Американски Држави на Армискиот полигон „Криволак”.
Донесена е и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „CMX 23 (Crisis Management Exercise)” во Кралството Белгија.