Министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот официјален Фејсбук профил го поздави напредокот во однос на нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија постигнат на вчерашната средба во Брисел.
-Остварениот напредок вчера во Брисел, во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, претставува значен исчекор од интерес на целиот регион. Како непосреден сосед на двете земји охрабруваме натамошни чекори за конечен исчекор што ќе обезбеди стабилност и европска перспектива на Западниот Балкан, изразувајќи ја притоа нашата подготвеност да асистираме и придонесеме на секој можен начин, стои на Фејсбук статусот на Османи.