Нов дебакл доживеа заложникот на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски.
Паднаа во вода сите негови лаги за ново парламентарно мнозинство, за распуштање на Собранието кон крајот на месец февруари и предвремени парламентарни избори во мај.
Синоќа, на 27ми февруари, новите министри во Владата беа изгласани со 65 пратеници За и без ниту еден глас против, што претставува зголемување на актуелното парламентарно мнозинство.
10 дена пратениците од ВМРО-ДПМНЕ преку долги и бесмислени дебати, каде зборуваа за се освен за она што е тема, се обидуваа да го пролонгираат изборот на новите министри.
10 дена пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочеа изборот на министри и со тоа ја опструираа работата на одредени министерства, на штета на граѓаните, за на крајот, како и многу пати досега, кога дојде време за гласање тие не смогнаа сили ниту да гласаат против предлозите кои толку многу ги критикуваа.
Зголеменото парламентарно мнозинство е нов пораз на дејствувањето на Мицкоски и ново разобличување на неговите лаги дека Собранието само што не се распуштило.
СДСМ преку зајакнатото парламентарно мнозинство продолжува со реализација на реформите, на мерките и политиките што се во интерес на државата и граѓаните.