Повеќе медиуми во изминатите денови пренесоа информации дека блиското семејство на Христијан Мицкоски има куќа во Козле, според нивни проценки, вредна околу 1 милион евра.
Претходно друг медиум, близок до ВМРО-ДПМНЕ, исто така објави информации дека членови од неговото семејство имаат недвижен имот во Скопје, Охрид и Црна Гора.
Христијан Мицкоски треба да одговори пред јавноста за семејната куќа и информациите за милионскиот имот кои ги објавуваат медиумите.
Дали станува збор за скриен имот и трупање на семејно богатство?
Логично се поставува прашањето како со просечни професорки плати се стигнува до милионски имоти во Охрид, Скопје и Црна Гора?