Христијан Мицкоски нов министер за опозиција

ДРАГАН МИШЕВ

Шпицниот градоначалник и водач на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, делува како расипан часовник, кој откако два пати најави ново парламентарно мнозинство, истото и се оствари, само што, на негова голема жал, новото, зголемено парламентарно мнозинството го создаде владејачката коалиција. Некои би додале, и ќорава кокошка ќе клукне некое зрно (какво зрно ќе клукне ако колве позади цел кокошарник пред неа, е веќе друго прашање).

Можеби за нејасните предвидувања на Мицко голем придонес има и густината на смогот во загадениот скопски воздух, менаџиран од неговата кандидатка за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска. Низ скопската магла Мицко видел некакво ново мнозинство, и се понадевал дека тоа ќе биде токму неговото, но во кристалната топка на Мицко, од густината на ПМ 10 честичките, се создала превртена слика, која шпицниот ја протолкувал како што му одговарало „што и е мило на бабата, тоа и се сонило“.

На изјавите на Мицкоски за нови парламентрани мнозинства највеќе се радуваат од СДСМ, бидејќи знаат дека по неговите најави, секогаш доаѓа до зголемено Владино мнозинство.

Излегува дека најголем сојузник на владината коалиција предводена од премиерот Димитар Ковачевски е токму водачот на најголемата опозициска партија.

Па би требало конечно, како мал гест на благодарност, да му се даде барем едно министерско место, во Министерство за опозиција (вечна).

Извор: Цивил

Треба да знаете
Последни објави