Шефот на „земунците“ Лука Бојовиќ во тајност ја напуштил Србија

Водачот на „Земунскиот клан“ Лука Бојовиќ (49), кој на 30 ноември минатата година беше депортиран од Шпанија, пред три недели ја напушти Србија.
На почетокот на февруари, Бојовиќ е виден на аеродромот „Никола Тесла“ како поминува низ пасошка контрола, но неговата крајна дестинација засега ја знаат само неговите најблиски членови на семејството и пријателите.

Според добро упатен извор, Бојовиќ дошол на аеродромот во раните утрински часови, придружуван од маж кој носел хируршка маска на лицето.

-Лука беше облечен во спортска облека со качкет на главата, имаше хируршка маска на лицето и ранец на рамото. Веднаш штом влегол во зградата се упатил кон шалтерот, каде го проверил билетот, додека неговиот сопатник стоел на неколку метри од Лука и ги гледал другите патници – вели изворот и додава:

Кога го проверил билетот, Бојовиќ се разделил со сопатникот и отишол на пасошка контрола, по што излетал од Србија.

Инаку, според проценките на полицијата, безбедноста на Бојовиќ е загрозена, па во изминатите три месеци од неговото враќање во Србија бил во длабока изолација. Тој не сакаше да дава изјави за медиумите, ниту се појавуваше на јавни места, иако е на слободен и против него не се води постапка и нема меѓународна потерница.

Претпоставката е дека тој решил да се пресели некаде далеку од Србија и од очите на јавноста, каде што не е препознатлив.

Иако дестинацијата на Бојовиќ е обвиткана во тајност, единствено е сигурно дека тој не заминал во Шпанија, каде се неговата сопруга Барбара и трите деца, бидејќи минатата година беше протеран од таму и му беше забранет влез во таа земја. Имено, Лука беше уапсен во Валенсија на 9 февруари 2012 година, по што беше осуден на 18 години затвор за злосторничко здружување, фалсификување документи и нелегално оружје. Откако одлежа повеќе од половина од казната, шпанските власти минатата година ја известија Србија дека ќе го депортираат.

Додека беше во шпански затвор, на Лука му се судеше во отсуство пред Специјалниот суд во Белград за убиството на Бранко Јевтовиќ Хорхе во 2004 година и обидите за убиство на Андрија Драшковиќ и Зоран Недовиќ Шок во истата година, кога настрадаа нивните телохранители Дејан Живанчевиќ и Милан Јовиќиќ.

Поранешниот соработник на Бојовиќ од „земунскиот клан“ Сретко Калиниќ, кој беше осуден за тие убиства заедно со Милош Симовиќ, пред судот изјави дека Лука ги наредил овие ликвидации, наводно, за да се одмазди за ликвидацијата на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Судот, сепак, не му веруваше дека Калиниќ и Лука беше ослободен.

Треба да знаете
Последни објави