Француското Обвинителство во градот Нантер отвори истрага за силување против фудбалерот на ПСЖ и ѕвезда на мароканската репрезентација Ашраф Хакими, јавија денеска локалните медиуми.
Канцеларијата на обвинителот во Нантер кратко соопшти дека „не сака да комуницира за оваа истрага која е во тек“.
Ниту ПСЖ, ниту Хакими, не се достапни за коментар, пренесуваат француските медиуми.
Весникот „Паризиен“, кој прв ја откри истрагата, објави дека 24-годишна жена во неделата пријавила во полиција дека ден претходно била силувана во домот на Хакими во близина на Париз.
Весникот наведе дека жената не поднела официјално пријава, но оти Обвинителство по службена должност отворило истрага за случајот.
Хакими и наводната жртва почнале да се допишуваат во средината на јануари на Инстаграм, а оваа сабота, на 25 февруари, младата жена отишла во куќата на играчот во Булоњ, каде што се случило наводното силување.
Мароканскиот репрезентативец наводно ја бакнал во уста, и ја подигнала облеката и ѝ ги бакнал градите и покрај нејзините одбивања, а потоа ја силувал.