Алаба мораше да објаснува зошто дал најмногу гласови за Меси, а не за Бензема во изборот на ФИФА

Откако беше обелоденето дека фудбалерот на Реал Мадрид, Давид Алаба својот глас во изборот на ФИФА за најдобар играч во 2022 година го дал за Меси, а не за клупскиот соиграч Бензема, симпатизерите на „кралевите“ почнаа да го навредуваат на социјалните мрежи. Некои дури побараа австрискиот репрезентативец да си замине од Реал. Алаба мораше да појаснува како дошло до ситуацијата најмногу гласови да му даде на Меси, пред Бензема и Мбапе.

– Во гласањето за наградата на ФИФА „Д’Бест“, австриската репрезентација гласа како тим, а не капитенот како поединец, вослучајот само јас. Секој во репрезентацијата може да гласа и така се одлучува, каком ќе бидат распределени гласовите. Сите знаат, особено Карим, колку многу го почитувам и него и неговите игри и често сум велел дека за мене тој е најдобриот напаѓач во светот и тоа уште е така. Гласовите ги распоредивме според изјаснувањето на репрезентативците, појасни Алаба.

Откако го видоа неговиот пост навивачите на Реал Мадрид, ја „смирија топката“ и престанаа со навредите упатени на адреса од Алаба.

Треба да знаете
Последни објави