Дебата „Правата на интелектуална сопственост и географска ознака во областа на културниот туризам и културното наследство“

Во организација на Македонската развојна фондација за претпријатија, денеска на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе се одржи настанот „Права на интелектуална сопственост и географска ознака во областа на културниот туризам и културното наследство“. 

Главната цел на настанот, како што вели организаторот, е преку споделување искуства, знаења и добри практики од дома и од странство да се покаже како примената на правата на интелектуална сопственост може да донесе придобивки во секторот на културен туризам и културно наследство.

Претставниците од Македонската развојна фондација за претпријатија ќе се обидат да инспирираат и поттикнат што поголем број на студенти, чинители во секторот туризам да вложуваат во развој на нови знаења и вештини. На настанот ќе бидат опфатени темите на видови права на интелектуална сопственост, нивна примена за економски придобивки, како и добри практики во секторот на културен туризам и културно наследство.

На настанот ќе се престави и програмата „Learn-IP” финансирана од Европската унија, преку програмата Еразмус+. Оваа програма нуди пристап до материјали и можности за проширувања на знаењата во областа на интелектуалната сопственост со фокус на секторот културен туризам и културно наследство. Зад програмата „Learn-IP”, стои стратешко партнерство од пет европски организации од Македонија, Германија, Шпанија, Бугарија и Романија.

Програмата и настанот се наменети за студенти и чинители во секторот туризам, културен туризам, културно наследство и други. 

Треба да знаете
Последни објави